На стартот на светското првенство во скијање кое што се одржува во Залбах, ја имаме и првата освојувачка на златен медал.
Тоа е австријката Стефани Вениер која што триумфираше во сипервелеслаломот претпладнево. Таа прва мина низ целта со време од 1:20:47, додека пак на втората позиција застана Федерика Брињоне, инаку фаворитот за златен медал. Таа заостана десет стотинки.
Интересно е што има поделба на третата позиција односно на бронзениот медал. Со заостанување од 24 стотински се норвежанката Кајса Викоф Ли, и американката Лорен Мацура.