Ако“Марка“, која е позната како медиум кој секогаш наоѓа оправдување за Реал Мадрид без разлика што ќе направи најголемиот клуб во светот, во свој коментарски текст “удира“ по Винисиус, тогаш јасно е дека овој фудбалер станува проблем за “кралевите“.
Јасно им е на сите во Реал Мадрид дека Браззилецот е одличен фудбалер, но никогаш нема да биде како Роналдо или уште помалку како Меси.
Вини со својот карактер и себичност едноставно не е нај, нај.
Тоа полека, но сигурно го сфаќаат и во Реал Мадрид па немојте да се изненадите ако на лето Дон Флорентино Перез им го “продаде“ на Саудијците за 350-400 милиони евра и со тоа ги израдува сите во Реал, но и сите фанови во светот на сериозниот фудбал.
Посебно по она што вчера Вини му го направи на Лука Модриќ на мечот со Легањес, кога капитенот го “молеше“ Вини да се врати и да и помогне на одбраната.
“Плачкото“ Вини едноставно нема предиспозции за да биде мега – ѕвезда на Реал Мадрид. По Зидан, Роналдо, Раул, Рамос, Модриќ, тоа ќе биде и Мбапе, тој Вини не е таа категорија и како фудбалер, а пред се како персона.
Никој, ама буквално никој надвор од Реал не го “мириса“ Вини, и за тоа мора самиот да се праша зошто е така?