Невиден дебакл на Валенсија вечерва на свој терен во 1/4 финалето во “Копа дел Реј“. До 30 минута Барселона водеше со 0:4, на голот на “Валенсија“ е Столе Димитриевски, и по ова домашните фанови почнаа да ја напуштаат “Местаља“. Ова е нешто што ретко се гледа во светот на фудбалот.
Инаку три гола постигна Феран Торес,некогашен играч на Валенсија, стрелаше и Лопез.
Да се потсетиме дека на последниот нивни меч, одигран на “Монжуик“, Барселона тогаш и даде седум голови на Валенсија.