Милан е полуфиналист во купот на Италија откако синоќа со 3:1, беше подобар од екипата на Рома. Тренерот на „Миланеџите“ Серџо Консеисао по мечот изјави дека е презадоволен од она што го видел на теренот, и дека неговиот тим е се поблиску до фудбалот кој што сака тој самиот да го постигне како стратег.
„Во фудбалот и во животот постои правило дека секој ден треба да се трудиш да бидеш подобар од претходниот. Се обидувам да ги пренесам моите идеји на тимот, но имавме само еден тренинг пред овој натпревар и немавме шанса да работиме на некои детали бидејќи играме на секој три дена. Жоао Феликс и Сантијаго имаа само еден тренинг, но веднаш разбраа што треба да направат бидејќи се интелигентни играчи“, изјави Консеиао па додаде.
„ Во текот на натпреварот видов некои работи што не ми се допаднаа, но во исто време сфаќам дека играчите се обидуваат да се подобрат. Сè уште не гледам сличности со Порто, но работиме да бидеме покомпактни, поагресивни и да не му дозволиме на противникот да влезе во нашата зона“ – додаде Португалецот.