Лисандро има скинати лигаменти

28

Она од што сите стравуваа во таборот на Јунајтед тоа и се оствари. Лисандро Мартинез има скинати лигаменти на левото колено. Дефанзивецот се повреди во поразот од 0:2, против Кристал Палас, беше изнесен на носилки и во старт се виде дека се работи за нешто сериозно.

Прегледите тоа и го потврдија и сезоната за аргентинецот е завршена.

Официјална потврда стигна и од клубот со најава дека тој ќе ги пропушти во голем дел и летните подготовки со тимот. Прашање на време е кога дефинитивно ќе се врати на терените.

ПретходноКлуб од Kостарика ја тужи ФИФА поради Светското клупско првенство
СледноВениер со златен медал во супер џи