Луис Енрике: Сега е јасно дека ПСЖ е подобар без Мбапе!

111

Иако имаше мала криза во еден дел од есенскиот дел од тековната сезона, беше доведени пласманот во нокаут фазата во ЛШ, сепак ПСЖ под водство на Луис Енрике во последно време докажува дека е голем тим и дека со право може да се нарече како еден од кандидатите за освојување на „ушлето“.

Инаку пред да стартува сезона тој ги уверуваше фановите на ПСЖ дека нивниот тим ќе биде подобар без Килијан Мбапе кој летоска направи трансфер во Реал Мадрид.

Јас и тогаш кажав, сега ќе повторам. ПСЖ е подобар без Килијан Мбапе, како во одбраната така и во нападот. Бројките тоа го кажуваат“ посочи Енрике и се осврна на Усман Дембеле кој игра во животна форма:

Го познавам уште од времето во Барселона. Игра спектакуларно, сега просто експлодира. Тој треба да биде лидер и мислам дека може да се нопси со таа улога“.

ПретходноДебакл на Валенсија и Столе: Во 30 минута Барса водеше со 0:4, домашните фанови ја напуштаат “Местаља“!
СледноФиорентина го растури шампионот!