Нено и Олимпија Милано со триумф кај Жалгирис, Ц. Звезда си гази!

107

Вечерва со неколку натпревари стартуваше 26 коло во Евролигата. Олимпија Милано на Ненад Димитријевиќ одигра квалитетно и успеа да дојде до значајна победа против Жалгирис на гости со 87:89.

Македонецот одигра 14.50 мимнути и успеа да забележи 4 поени, три скока и пет асистенции.

Со оваа победа “манекените“ барем за момент се пробија на деветата позиција на табелата со одиграни 26 меча и добиени 14.

На останатите мечеви кои досега завршија, Фенербахче пред своите фанови славеше против Реал Мадрид со 78:67, ова за “кралевите“ беше 13-тиот пораз.

Инаку Црвена Звезда покажува дека е во супер форма. Момците на тренерот Јанис Сферопулос, во супер интересен меч ја победија Алба како гости со 71:77, ова беше 16-тата победа за “црвено – белите“ со што им се отвараат вратите за пласман во плеј-офот.

ПретходноВторо засилување за шампионот: Квинтеро потпиша за ОК Струмица!
СледноСосиедад ја победи Осасуна за пласман во 1/2 финалето во “Копа дел Реј“!