Светот на кошарката сеуште е во шок по сензационалниот трејд по кој Лука Дончиќ заврши во ЛА Лејкерси. Сеуште се пишуваат коментари и се даваат изјави од најпознатите “фаци“ во НБА за тоа како Словенецот беше натеран да си оди од Далас.
Сепак, јасно е дека и тоа ќе мине. Лука како мега – ѕвезда секако дека ќе се снајде во еден од најгламурозните клубови во светот на кошарката, а раководсвото не Лејкерси не мирува. Имено тоа сака да покрај Лука Дончиќ донесе макар уште едно елитно име во своите редови или две по можност.
Па така се споменуваат Кајри Ирвинг, инаку некогашен соиграч и на Лука и на Леброн од Далас и Кливлент. Потоа се споменува Кевин Дурент, па Џејмс Харден.
Јасно е дека со Леброн, ако остане, и Дончиќ и едно до две големи имиења плус, ЛА Лејкерси ќе имаат вистински дрим – тим и ќе можат да бидат легитимни кандидати во походот по титулата во НБА.