ПСЖ му нуди нов договор на Донарума

56

Тимот на ПСЖ нема намера да бара нов голман како замена за Џанлуиџи Донарума. Напротив, планира да му даде нов договор и да го задржи уште долго во Париз.

Франзуцките медиуми јавуваат дека менаџментот на ПСЖ веќе извесен период е на линија со голманот, односно неговите претставници за да се продолжи соработката која што во моментов е важечка до 2026 година.

Италијанскиот голман се приклучи на ПСЖ како слободен играч во летото 2021 година, заминувајќи од Милан. Оваа сезона Донарума одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и прими 23 гола. 

ПретходноКонсеисао: Се поблиску сме до фудбалот што ми се допаѓа
СледноВеста за Темелковски не е точна, поранешниот селектор е жив и здрав