Слот и Постекоглу во битка за прво финале во англискиот фудбал

126

Ливерпул вечерва му гостува на Тотенхем во реванш полуфиналето на Лига купот на Англија. По првиот меч во Лондон, Тотенхем има минимално водство од 1:0, а подобриот по вечерашниот реваш ќе се најде во финалето на Вембли каде ќе се соочи со Њукасл, кој синоќа го исфрли Арсенал по двете победи од 2:0.

Интересно е што и двајцата менаџери, Арне Слот и Анже Постекоглу, вечерва го напаѓаат своето прво финале во англискиот фудбал. Последен пат Тотенхем освои трофеј пред 17 години, додека Ливерпул е актуелен освојувач на турнирот од минатата година.

Ливерпул е убедлив лидер во првенството и покажува одлична форма, додека Тотенхем се соочува со сериозни тешкотии во првенството, а тренерот на тимот е под огромен притисок. Некои медиуми тврдат дека доколку Тотенхем денеска загуби од Ливерпул и испадне од лига Купот, Постекоглу би можел да добие отказ.

ПретходноБрера донесе интернационалци од Мали и Гамбија
СледноКлуб од Kостарика ја тужи ФИФА поради Светското клупско првенство