Сосиедад ја победи Осасуна за пласман во 1/2 финалето во “Копа дел Реј“!

23

Деновиве се играат четвртфиналните мечеви во “Копа дел Реј“. Сосиедад на свој терен ја победи Осасуна со 2:0 и со тоа си избори пласман во следната фаза, во полуфиналето на ова натпреварување.

Стрелци на головите беа Баренетчеа во 21.минута и Мендез во 31.минута.

Ова за Сосиедад е 17-ти пласман во полуфиналето во “Копа дел Реј“, а кој ќе му биде противник ќе се знае на 12 февруари за кога е закажана ждрепката.

Досега покрај Сосиедад во 1/2 финалето се пласираа и Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, последниот полуфиналист ќе го дознаеме по вечерашниот дуел меѓу Валенсија и Барселона.

ПретходноНено и Олимпија Милано со триумф кај Жалгирис, Ц. Звезда си гази!
СледноИ Богдановиќ во ЛА, Мициќ во Феникс!