Вечерва во Белград, во меч од 5.коло во квалификаците за ЕП во групата -Г, нашата најдобра женска кошаркарска репрезентација беше убедливо поразена од селекцијата на Србија и тоа со 105:60.
Ова беше петти меч и петти пораз за избраничките на селекторот Александар Ашаданов во овие квалификации.
Јасно беше уште пред почетокот на средбата дека големиот фаворит, селекцијата на Србија ќе слави и вечерва, но се очекуваше барем поголем отпор на нашите кошаркарки и пораз со помала разлика од тие -45 поени.
Уште во првата четвртина Србинките покажаа кој е кој на овој меч и првиот период го добија со +10 поени. Во ист ритам продолжија и во втората четвртина се замина со -20 поени за Македонија.
На почетокот од второто полувре нашите репрезентативки условно покжаа заби што се вели, но тоа траеше сосема кусо, а домашните кошаркарки сакаа да дојдат,воедно и дојдоа до висока и убедлива победа на овој меч.
На крајот резултатот гласеше 105:60.
Најефикасни на средбата беа Андерсон кај Србија со 21 поени, додека кај Македонија тоа беше Митрашиновиќ со 17 поени.