Ферхан Буба Хасани: Легендата на Шкендија објави дека стави крај на играчката кариера! (ВИДЕО)

200

Ферхан Хасани на 34 години преку своите официјални социјални мрежи објави дека става крај на играчката кариера. Популарниот Буба кој е вистинска легенда на Шкендија, со кој клуб освојуваше титули во првенството во ПМФЛ и освојуваше пехари во Купот на Македонија, еден од најдобрите фудбалери во историјата не само на Шкендија, туку и во ПМФЛ во свое време рече – ДОСТА Е.

Буба играше и за репрезентацијата на Македонија за која настапи на 43 меча и постигна два гола од кој еден на Џиџи Буфон на тој незаборавен меч со Италија кога беше 2:3.

Буба беше најомилен фудбалер на фановите на Шкендија, дете на Шкендија а играше и за Волфсбург, Брондби, Ал Раед, Хелсинки, Партизани, Хелсингор.

Да не беа повредите секако дека кариерата на Буба ќе беше уште поблескава.

Покрај голот на Буфон, ќе се памети и голот на Ливерпул како член на Брондби, еден од најубавите кои некој наш фудбалер го има постигнато.

Буба може да се пофали, секако ова е само шпекулација, дека од 2015 до 2018 како член на Шкендија ја имаше најголемата годишна плата во историјата на спортот во Македонија.

ПретходноМарсело става крај на кариерата
СледноУЕФА ќе ги укине продолженијата во Лигата на Шампионите?!