Уф, кој ли само можеше да очекува дека Фиорентина со 3:0 просто ќе го растури Интер? Сепак, тоа се случи вечерва во повторениот меч од 14.коло во Серија А кој беше прекинат во 17.минута поради тоа што тогаш Едуардо Бове имаше срцев удар.
Инаку самиот Бове сега е добар, го следеше мечот на стадионот и уживаше во победата на својот тим.
Се чини дека Интер е во криза, барем резултатска. Сега тимот на Симоне Инзаги има -3 бода во однос на лидерот Наполи, и двата тима имаат по 23 меча одиграно во Серија А.
Стрелци на головите за тимот од Фиренца беа Раниери во 60.минута, Кеан во 68. и во 89.минута.
Ова беше прв пораз на Интер сезонава на гостувањата и втор во сезоната.