Шкендија поразена од Динамо Киев, и Шкупи со пораз на последниот меч во Анталија!

245
0

Шкендија – Динамо Киев 2:3 е епилогот од денешната пријателска средба во Анталија. Ова беше најсилниот тест за тетовци во текот на овие подготовки и “генералка“ во пресрет на стартот на пролетниот дел од сезоната.

Украинскиот гигант поведе со голот на Јармоленко во 38.минута. Шкендија израмни во 68.минута со автоголот на Дајчук за да потоа Ванат со два гола, во 78. и 85.минута дојде до 1:3. Конечните 2:3 ги постави Флорент Рамадани во 87.минута.May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

И Шкупи денеска во Анталија беше поразен, во исто така прителска средба, доживеа пораз и тоа со 0:1 од тимот на Каисар од Казахстан. И за чаирчани ова беше последна контрола во Анталија, инаку тие во сабота се враќаат дома.

ПретходноВеста за Темелковски не е точна, поранешниот селектор е жив и здрав
СледноРаботнички се пофали со Медин Бајрами! (ФОТО)