Екипата на Брера од денеска е посилна за двајца интернационалцо од Мали односно Гамбија.
Струмичкиот тим на пролет ќе се обиде да собере што е можно повеќе бодови со Травали Фодеи од Гамбија кој што е роден 2001 година, како и со Драм Џани кој што е играч роден 2000.
Немаме премногу информации за двајцата фудбалери освен дека се офанзивци и ќе се обидат да помогнат околу напаѓачките редови.
Брера зимава се подготвуваше во домашни услови, од екипата заминаа десетина фудбалери, и ростерот е полн со млади и надежни, но и неискусни фудбалери.