Ибраими: Нема тешки и лесни противници, во оваа група ќе видиме кој е подготвен и за А репрезентацијата

486

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска во Нион ги доби противниците за слендото Европско натпреварување кое што ќе се одржи во 2027 година.

Нашата задача нема да биде ни малку лесна, затоа што сме во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. Се од ред противници силни, подготвени за успех, и изненадување против било кого, па и против Македонија.

Нам пак, реално не треба премногу да не загрижува кој е се во нашата група. Ние треба да си ја гледаме нашата работа и да ја подготвиме актуелната генерација што е можно подобро.

„Токму така. Мое мислење е дека групата како таква можеби по имињата на репрезентациите е тешка, но која група би била лесна? Има ли таква? Излишно е веќе да се кажува дека во денешно време нема лесни противници. Сите играат фудбал, тоа прво. Како второ мојата фудбалска филозофија е следна. Дека само со силни, јаки противници, и силни јаки мечеви може да се создаде и силна и моќна наша репрезентација на Македонија. Само така, никако поинаку. Што фајде имаме ние од лесни мечеви во кои само ќе се залажуваме дека сме победиле некого, а во суштина не сме создале играчи кои ќе бидат кадарни да се носат со најдобрите. Конечно, само и склучиво преку мечеви како против Италија на пример, ние ќе увидиме кој од актуелните У21 репрезентативци можат да конкурираат за А репрезентацијата. Тоа е единствениот „филтер“ околу тоа кој има капацитет да ја носи на свој грб најдобрата репрезентација. 

Сите ние сме тука за доброто на македонскиот фудбал и сите мора да работиме напорно за истиот да се подобри. Се стартува со нова стратегија која што ќе направиме се за да профункционира. Овие квалификации се почеток на нешто ново кое со напорна работа и квалитетна селекција ќе донесе нешто убаво за нас.  – ни изјави Агим Ибраими, членот на делегацијата која што ја претставуваше Македонија, на денешната ждрепка во Нион.

 

ПретходноАталанта остана без Скамака и Скалвини до крајот на сезоната
СледноСтаниќ: Максимално верувам во оваа генерација