Клуб од Kостарика ја тужи ФИФА поради Светското клупско првенство

57

Костариканскиот фудбалски клуб Алахуеленсе поднесе тужба против ФИФА пред Судот за спортска арбитража. Според клубот од Костарика, Светската фудбалска федерација ги прекршила сопствените правила со тоа што дозволила два клуба со ист сопственик да играат на претстојното Светското клупско првенство.

Според поднесената тужба, Алахуеленсе тврди дека клубовите Леон и Пачука се управувани од ист сопственик. Од штабот на 30-кратниот шампион на Костарика сметаат дека доколку еден од двата клуба биде исфрлен од натпреварувањето кое ќе се одржи на лето во сосема нов формат, тие треба да го заземат неговото место поради клупскиот пласман.

ПретходноСлот и Постекоглу во битка за прво финале во англискиот фудбал
СледноЛисандро има скинати лигаменти