На клубовите во Шпанија им се смачи од Реал Мадрид, бараат казни за “кралевите“!

245

Се чини дека Дон Флорентино Перез и Реал Мадрид и дефинитивно претераа. Имено денеска клубовите од првата и втората лига во Шпанија имаа состанок со Фудбалската федерација на Шпанија, на кој состанок беа и раководните лица на Ла Лига и Техничкиот Комитет на судиите. Очекувано само претставници од Реал Мадрид немаше на тој состанок по онаа жалба на “кралевите“ за судењето на мечот со Еспањол.

На овој состанок клубовите го искажаа своето незадоволство од тоа како се однесува Реал Мадрид. Тие не само што го искажаа своето незадоволство туку и го осудија начинот на кој Реал Мадрид се однесува кон судиите, сметаат дека тоа се прави поради притисок врз судиите.

Токму затоа побараа и казни за Реал Мадрид.

ПретходноСрбинките сепак се друго ниво: Убедлив пораз на Македонија!
СледноВторо засилување за шампионот: Квинтеро потпиша за ОК Струмица!