Нова НБА „бомба“: Џими Батлер е нов играч на Голден Стејт!

96

Џими Батлер е нов кошаркар на Голден Стејт Вориорс. Најавената бомба со кошаркарот на Мајами стигна пред крајот на преодниот рок во НБА! Голден Стејт Вориорс постигнаа договор со Мајами Хит и го доведоа Батлер од Флорида во Калифорнија.

Батлер не сакаше да остане во Мајами, па по долги преговори Голден Стејт успеа да го натера Мајами на трејд. Вориорс ги испратија Ендрју Вигинс, Денис Шрудер, Кајл Андерсон и еден заштитен пик од првата рунда во Хит.

Денис Шрудер веднаш е разменет од Мајами сво Јута, а Торонто треба да го добие Кајл Андерсон, но тој остана во Хит. На крајот Пи Џеј Такер е испратен во Мајами каде што повторно ќе има можност да работи со Пет Рајли. Вигинс, Такер и Андерсон се нови членови на „жешките“.

ПретходноРадуловиќ е нов тренер на полски Староград Гдањски
СледноШеј повторно постигна 50 поени и го реши дербито со Феникс