Ливерпул вечерва му гостува на Тотенхем во реванш полуфиналето на Лига купот на Англија. По првиот меч во Лондон, Тотенхем има минимално водство од 1:0, а подобриот по вечерашниот реваш ќе се најде во финалето на Вембли каде ќе се соочи со Њукасл, кој синоќа го исфрли Арсенал по двете победи од 2:0.
Интересно е што и двајцата менаџери, Арне Слот и Анже Постекоглу, вечерва го напаѓаат своето прво финале во англискиот фудбал. Последен пат Тотенхем освои трофеј пред 17 години, додека Ливерпул е актуелен освојувач на турнирот од минатата година.
Ливерпул е убедлив лидер во првенството и покажува одлична форма, додека Тотенхем се соочува со сериозни тешкотии во првенството, а тренерот на тимот е под огромен притисок. Некои медиуми тврдат дека доколку Тотенхем денеска загуби од Ливерпул и испадне од лига Купот, Постекоглу би можел да добие отказ.