У21: Младите добија тешка група предводена од Италија во новиот циклус за ЕП 2027

460

Младата фудбалска репрезентација на Македонија утрово го доби противниците во новиот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство во 2027 година. Новиот селектор на младинскиот национален тим, Горан Станиќ со своите избраници доби тешка група во која се наоѓаат Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Квалификациите ќе се одржат од март 2025 до октомври 2026 година, по што ќе следи плеј-оф пред завршниот турнир во летото 2027 година. Домаќини на ова ЕП ќе бидат Албанија и Србија.

 

ПретходноНејмар го одигра првиот меч по враќањето во Сантос (ВИДЕО)
СледноЛеброн и Дончиќ го одработија првиот заеднички тренинг (ВИДЕО)