УЕФА ќе ги укине продолженијата во Лигата на Шампионите?!

151

УЕФА планира “револуција“ во едно од најважните правила во фудбалската игра. Имено како што денеска пренесуваат медиумите на Островот, УЕФА има намера да ги укине продолженијта 2Х15 минути и тоа нокаут фазата во Лигата на Шампионите, во Лигата на Европа и во Лигата на Конференции.

Имено ако резултатот по двата меча, односно по 180 минути е идентичен, тогаш нема да се играат продолженија туку веднаш би се изведувале пенали.

Сепак ова и да се случи нема веднаш да се применува туку после 2027 година ако се знае дека тогаш завршува важечкиот договор за ТВ правата.

Јасно е дека ова се прави со цел колку толку да се ублажи згуснатит распоред.

ПретходноФерхан Буба Хасани: Легендата на Шкендија објави дека стави крај на играчката кариера! (ВИДЕО)
СледноВинисиус станува проблем за Реал Мадрид?!