Луис Енрике во ПСЖ до 2027!

42

Готово е. Луис Енрике ја продолжија соработката до 2027. Ова беше и поврдено од страна на ПСЖ пред вечерашниот меч со Монако.

Колку за потсетување, актуелниот договор на Шпанецот со пребогатиот клуб од Париз му истекува во јуни. Интересно, пред извесно време, кога резултатите во дел од оваа сезона и не беа којзнае какви, се слушнаа шпекулации дека играчите не се задоволни од тоа како Енрике го води тимот.

Сепак претсдателот на клубот Насер Ал – Келаифи му ја даде сета поддршка на својот тренер, во неколку наврати истакнуваше дека Луис Енрике е најдобриот тренер во светот и потоа резултатите дојдоа. Сега ПСЖ блеска.

Моменталната годишна плата на Енрике во ПСЖ изнесува 11,5 милиони евра нето, се очекува со новиот договор таа да биде во најмала рака 12-13 милиони евра.

Покрај Енрике договорите ги продолжија и Хакими, Мендеш и Витиња.

ПретходноТоа се професионалци: Ханси Флик им даде слободен ден, а на тренинг се појавија 13 играчи на Барса!
СледноБаерн го “реши“ Вердер!