Никола Јокиќ е незапирлив – стигна до нов трипл-дабл (ВИДЕО)

417
Фото: Денвер Твитер

Никола Јокиќ постигна 28 поени, додаде 10 скока и 12 асистенции за својот 24-ти трипл-дабл сезонава, а Денвер Нагетс го совладаа Орландо Меџик со 112:90. Денвер без поголеми проблеми стигна до петтата победа во низа, па српскиот центар, еден од најсилните кандидати за наградата МВП, последната четвртина ја мина на клупата за резерви.

Трикратниот МВП на НБА го заврши натпреварот против Орландо со шут од 11/16 и уште еднаш импресионираше со некои свои потези. Еден од тие потези беше додавањето до Арон Гордон за лесна реализација на почетокот на третата четвртина.

Најдобар играч за Денвер покрај Јокиќ беше Мајкл Портер Јуниор со 30 поени, пет скока и седум асистенции, Браун додаде 16 поени и осум скока.

На останатите средби, Далас славеше против Бостон со 127-120, Минесота беше подобар од Хјусотн со 127-114, ЛА Лејкерс го доби дербито со Голден Стејт 120-112, Портланд славеше против Сакраменто со 108-102 и Индијана беше подобра од ЛА Клиперс со 112-119.

ПретходноИ Барса во 1/2 финалето: Столе прими пет голови ама ја спаси Валенсија од уште поголема катастрофа!
СледноВеселин Вујовиќ: Вучиќ ме обвинува дека не сум ја сакал Србија, па ваква Србија кој ја сака?!