Тоа се професионалци: Ханси Флик им даде слободен ден, а на тренинг се појавија 13 играчи на Барса!

359

По се она што се случи на “Местаља“, каде во 1/4 финалето на “Копа дел Реј“ Барселона со 0:5 просто ја декласира Валенсија, по враќањето дома, за денеска тренерот Ханси Флик им даде на своите играчи слободен ден.

Сепак, се случи чудо. Дури 13 играчи дошле денеска во тренинг – кампиот на Барселона и одработиле тренинг иако не морале со оглед на слободениот ден.

Секако дека овој потег ќе го радува германскиот стратег кој уште еднаш може да каже дека е среќен што има такви професионалци во тимот.

Инаку на денешниот тренинг се појавиле Кунде, Торес, Гави, Балде, Кристијансен, Шчесни, Гарсија, Левандовски, Араухо, Олмо, Рафиња, Де Јонг, Мартинез.

ПретходноКанаваро: Ристовски го скрши шишето и за тоа ќе плати!
СледноЛуис Енрике во ПСЖ до 2027!