Блескави „црно – бели“: Партизан го “торпедира“ Монако!

68

Блескав настап на Партизан и едно од најдобрите изданија во сезонава. Вечерва во меч од 26.коло во Евролигата, четата на Жељко Обрадовиќ го “торпедираше“ Монако со 69:86 и тоа негов терен. Голема, екстра важна победа на “црно – белите“ кои по триумфот пред два дена кај Виртус Болоња, и вечерва дојдоа до нов триумф.

Партизан во текот на целиот меч ја искажа сета своја моќ, беше далеку подобар. Монако ја доби само третата четвртина и тоа со +1 поен. Се беше во знакот на гостите од Белград.

И овојпат имаше контроверзно судење, но тоа како да стана навика сезонава во Евролигата.

Браун со 18 поени и Тајрик Џонс со 17 поени беа најефикасни кај победничкиот тим.

Ова е 14 победа на Партизан во изминатите 26 меча, па така сега овој тим се наоѓа на 9.место кое гарантира пласман во плеј-ин.

ПретходноДалиќ би можел да стане најплатениот селектор во светот?!
СледноКанаваро: Ристовски го скрши шишето и за тоа ќе плати!