Веселин Вујовиќ: Вучиќ ме обвинува дека не сум ја сакал Србија, па ваква Србија кој ја сака?!

150

Легендарниот Веселин Вујовиќ, во свое време најдобриот ракометар во светот, кој има и завидна тренерска кариера, сега селектор на Катар, е последниот од познатите спортисти кој се на удар од српските власти.

Љубимецот на македонските ракометни фанови, иконата на фановите на Вардар, јасно стави до знаење, како и Ѓоковиќ, Обрадовиќ и уште многу други, дека во целост ги подржува студентите во Србија кои протестираат повеќе од три месеци.

По ова медиумите на претседателот на таа земја, Александар Вучиќ и тоа како жестоко удрија во славниот Вујо, ама и тој не им остана должен:

Вучиќ ме обвинува дека не сум ја сакал Србија! Па ваква Србија каква што ја направи тој никој не ја сака“ истакна Вујовиќ.

ПретходноНикола Јокиќ е незапирлив – стигна до нов трипл-дабл (ВИДЕО)
СледноСити може да остане без Ерлинг Халанд