Македонскиот прволигаш Воска ќе има право да регистрира нови играчи во тековниот преоден рок. Спортспорт дознава дека клубот од Охрид ги подмирил долговите спрема поранешните играчи односно тренер, и поради кои што имаше блокада од страна на ФИФА за регистрација на нови играчи, па сега ќе може да го прави тоа.
Долгот од наводни 80.000 евра е подмирен и Воска ќе може прописно да се засили зимава.
Во Охрид веќе се пристигнати неколку интернационалци кои беа најавени како засилувања уште пред неколку недели, а истите сега ќе можат и официјално да станат дел од тимот.
Воска на пролет има за задача да се „одлепи“ од последнопласираното место на табелата и да проба да се спаси од испаѓање.