Гостивар пред тешка задача – МЗТ Скопје!

48

Гостивар и МЗТ Скопје ќе го отворат 17-то коло во Првата лига. Актуелниот македонски првак е гостин во салата „Младост“, а дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

Кошаркарите на МЗТ Скопје се во налет, имаат седум победи во низа и се на врвот на табелата со 29 бода, два повеќе од ТФТ и три повеќе од Работнички, Кожув, Куманово и Пелистер. Избраниците на Васко Атанасов се големи фаворити, последен пат во Гостивар имаат загубено во 2013 година.

На другата страна пак Гостивар е во криза има четири порази во низа и се наоѓа на претпоследното место на табелата во Првата лига.

Останатите средби се играат виекдов, а ќе се сретнат: Пелистер – Феникс, Вардар – Чаир, ТФТ – Работнички, Куманово – Кожув и Тиквеш – Шкупи.

ПретходноОдермат е златен во супер велеслалом
СледноАлкалоид со убава вест за своите фанови