Сега и официјално. Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е нов член на Партизан, на еден од најголемите клубови на овие простори. Она што се најауваше во изминатите денови, ФК Партизан вечерва и официјално го потврди. Офанзивниот лев бек на нашата репрезентација е едно од големите засилувања за “црно-белите“. Да потсетиме дека Димоски во Белград дојде од рускиот Акрон.
„Добредојде,Бојан“, ова е пораката на Партизан за Македонецот.
Инаку според новиот клуб на Димоски, тој во наредните месеци ќе го носи дресот на Партизан како позајмен играч со можност во јуни неговиот договор и целосно да биде откупен.