Далиќ би можел да стане најплатениот селектор во светот?!

115
HNS Twitter

Фудбалската федерација на Катар никако не се откажува од тоа да го ангажира Златко Далиќ за селектор на својата најдобра фудбалска репрезентација. Пред извесно време Далиќ ја одби нивната понуда од 6 милиони долари, но сега тие таа понуда двојно ја зголемиле и истата изнесува околу 12 милиони долари.

Секако дека тие пари тешко се одбиваат, но засега Далиќ цврсто е врзан со ХФС и тешко дека прес стартот на завршницата од Лигата на Нации би се впуштил во таква авантура и би заминал во Катар.

Исто така тој во неколку наврати истакнувал дека би сакал да ја води Хрватска на СП 2026.

Сега дали ќе се премисли или не, останиува да се види.

Во случај да ја прифати понудата на пребогатите шеици, Хрватот ќе стане најплатениот селектор во светот.

Засега Томас Тухел со 7,5 милиони долари, како селектор на Англија, е рекордер.

До пред извесно време тоа беше Роберто Манчини во С. Арабија со 22 милиони долари, но познато е како Италијанецот заврши.

ПретходноСекоја чест: ОК Струмица средствата од билетите од домашните мечеви ќе ги донира во хуманитарни цели! (ФОТО)
СледноБлескави „црно – бели“: Партизан го “торпедира“ Монако!