Евролигата го казнува Партизан со 50.000 евра

109

Поради лоша организација на дербито против Црвена Звезда во рамките од Евролигата. раководството одлучи да го казни КК Партизан со 50.000 евра. Плус, дополнително на еден од следните мечеви на домашен терен, Партизан ќе мора да испразни еден од секторите во салата, односно капацитетот на истата да го намали на 80%.

Ова се одлуките на органите на Евролигата, кои секогаш по ваквите мечеви имаат што да кажат на темата организација.

Ниту Звезда не е поштедена, туку нејзината казна се однесува само на финансискиот дел. Истата изнесува 20.000 евра.

 

ПретходноПеп: Секогаш имаме проблем со екипите од пониските дивизии
СледноМициќ се враќа во Европа и ќе биде најплатениот кошаркар во Евролигата?!