Вечерва на свој терен Динамо Загреб во меч од ХНЛ со 3:0 го победи Шибеник. Според шансите шампионот на Хрватска можеше да победи со поубедлив резултат.
Инаку Стефан Ристовски беше стартер во тимот на Фабио Канаваро, но во 60.минута Македонецот беше заменет, а видно беше тоа што тој тоа не го прифати најдобро.
По мечиот тренерот на Динамо Загреб го искоментира тој потег на Ристовски.
“Јасно е дека кога го напушти теренот ми пружи рака. Да не го стореше тоа, секако дека ќе го убиев….ха, ха ха. Но го скрши шишето што беше до него, и за тоа ќе си плати. Стефан Ристовски е голем професионалец, се е во ред меѓу нас. Јас сакам такви играчи кои така се однесуваат кога ја напуштаат играта“ изјави Канаваро.