Мициќ се враќа во Европа и ќе биде најплатениот кошаркар во Евролигата?!

221

Иако се пресели од Шарлот во Феникс, сепак се чини дека Василије Мициќ нема долго да биде дел од тимот на Феникс Санс. Па затоа почнаа шпекулациите дека Србинот се враќа во Европа и со тоа ќе биде најплатениот кошаркар во Евролиогата. Иако во наредната сезона би земал годишно 8 милиони евра, неговата желба била сепак да се врати таму каде што најдобро се чувствува. Се коментира дека за Србинот најзаинтересирани биле неговиот некогашен клуб, Ефес, но и Панатинаикос каде што тренер е неговиот поранешен стратег Ергин Атаман. И двата клува се подготвени да му платат 5 милиони евра годишно што би била најголема годишна плата во Евролигата. Засега најплатен е Саша Везенков, кој во Олимпијакос зема 4,1 милиони долари.

ПретходноЕвролигата го казнува Партизан со 50.000 евра
СледноЛегенда: Роналдо го постигна првиот гол на 40 години, сега има 924 погодоци! (ВИДЕО)