Она што минатата недела се пренесе како сензациоална вест, денеска е и официјално. Имено Манчестер Сити го пријави Родри, својот најдобар фудбалер и освојувачот на “Златната топка“ за нокаут фазата во Лигата на Шампионите. Шпанецот по тешката повреда побрзо заздравува од предвиденото и затоа Пеп Гвардиола одлучи да го стави на списокот.
Јасно е дека тешко за очекување Родри да игра во плеј – офот против Реал Мадрид, но ако Сити ја мине оваа пречка тогаш за 1/8 финалето и евентуално потоа, ќе биде големо засилување за тимот на Манчестер Сити.
Од новите имиња кои Сити ги ангажираше оваа зима, на списокот се сите само не и Витор Реис.