Екипата на Манчестер Сити викендов има обврски во купот. Во раките од четвртото коло од ФА купот се среќаваат со третолигашот Лејтон Ориент.
„Отсекогаш сме имале проблеми кога гостуваме на вакви мечеви и екипи. Тешко е да се игра на терени од првата втората или третата дивизија. Сепак, ние сме подготвени за предизвикот“ – изјави Пеп, а потоа го прокоментира и новитетот во тимот, Нико Гонзалес.
„Многу важно засилување. Ова е позиција каде што сме слаби во отсуство на Родри. Тој е силно младо момче. Го познавам од академијата на Барселона. Многу сум задоволен од напорите на клубот да го привлече овде“ – изјави Пеп.