А што друго да се каже освен само едно големо БРАВО или секоја чест. Имено попладнево ОК Струмица, нашиот шампион објави дека во иднина сите средства собрани од продажбата на билетите од домашните мечеви ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Секако дека ова е голем потег на ОК Струмица.
„ Денес започнуваме нешто посебно!
Одбојкатa, за нас отсекогаш била повеќе од игра, а клубот преку неа е синоним за тимска работа, семејство, подршка, заедница, љубов. Оваа сезона, решивме да ја искористиме нашата љубов кон спортот за нешто уште поголемо.
Од денес па до крајот на сезоната, целосниот приход од билетите за домашните натпревари ќе биде дониран во фондација Елеуса за помош на семејства во потреба. Со секој купен билет, вие не само што го поддржувате нашиот тим, туку и носите надеж и промена во нечии животи.
Што треба да направите?
Дојдете на трибините, навивајте за нашиот тим.
Донесете ги вашите најблиски и бидете дел од оваа мисија.
Споделете ја оваа објава и помогнете да допреме до што повеќе срца.
Заедно можеме да направиме вистинска разлика. Ви благодариме што сте дел од нашето патување – на теренот и надвор од него“објавија од ОК Струмица.