ТФТ попладнево се пофали дека има ново име во своите редови. Имено членот на нашата кошаркарска елитна лига, официјално објави дека се засили со Зек Браун од САД.
Секако дека во пресрет на завршницата од Купот на Македонија, како и од решавачката фаза во првенството Американецот добро ќе им дојде му дојде на ТФТ.
“Со гордост го претставуваме Zach Brown, новата сила во нашиот тим!
Со својата енергија, агресивна одбрана и победнички менталитет, Zach ќе донесе нова димензија на играта. Подгответе се за спектакл – оваа сезона ќе биде нешто посебно!
Ајде сите заедно да му посакаме добредојде“ објавија од ТФТ.