Флик по убедливиот триумф над Валенсија на Столе: Сакаме да постигнуваме многу голови – тоа е нашиот стил!

107

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги пофали своите играчи по нивната уникатна победа од 5-0 над Валенсија на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитријевски и пласманот во полуфиналето на Купот на кралот.

Барса игра исклучително ефикасно под водство на германскиот стручњак и веќе постигна 109 гола на 35 натпревари оваа сезона.

„Многу сум среќен како настапивме. Почнавме силно и создадовме голем број на шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го видиме. Секогаш барам да дејствуваме динамично. Ние сме млад тим и гладни сме за победи.

Се стремиме да постигнеме многу голови – тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот. Сепак, понекогаш морам да барам од играчите да бидат повнимателни во последните минути од натпреварите и да ја контролираат ситуацијата на теренот“, продолжи 59-годишниот Германец.

ПретходноИнзаги призна: Нема да барам изговори, целосно нè надиграа
СледноПланот на Хари Кејн по завршување на сезоната е едноставен