Шортс одличен, Париз со победа на гости кај Виртус!

31

Уште една одлична партија на Ти – Џеј Шортс во дресот на Париз. Македонскиот репрезентативец вечерва во меч од Евролигата на гостувањето кај Виртус Болоња се радуваше на победата на својот тим со 77:83. Треба да се каже дека гостите дојдоа до победата со прсврт, ако се знае дека Виртус имаше водство во “првото полувреме“.

Шортс мечот го заврши со 16 поени, четири скокови и шест асистенции.

На останатите вечерашни мечеви од 26.коло во Евролигата, Барселона дома беше поразена од Олимпијакос со 88:90, а Басконија славеше со Макаби со резултат 89:82.

Во првиот вечерашен меч Партизан како гостин го победи Монако со 69:86.

ПретходноБаерн го “реши“ Вердер!
СледноКоло Муани е херојот на Јувентус!