Воска го плати долгот и ќе може да регистрира играчи

522

Македонскиот прволигаш Воска ќе има право да регистрира нови играчи во тековниот преоден рок. Спортспорт дознава дека клубот од Охрид ги подмирил долговите спрема поранешните играчи односно тренер, и поради кои што имаше блокада од страна на ФИФА за регистрација на нови играчи, па сега ќе може да го прави тоа.

Долгот од наводни 80.000 евра е подмирен и Воска ќе може прописно да се засили зимава.

Во Охрид веќе се пристигнати неколку интернационалци кои беа најавени како засилувања уште пред неколку недели, а истите сега ќе можат и официјално да станат дел од тимот.

Воска на пролет има за задача да се „одлепи“ од последнопласираното место на табелата и да проба да се спаси од испаѓање.

 

ПретходноСлот: Финале на Вембли е нешто посебно
СледноЏош Ален е МВП на НФЛ сезоната