Да се знае кој е кој: Тиаго Меси – Кристијано Роналдо Јуниор 11:10!

94

Дерман да се немало од овие Меси и Роналдо, најдобрите фудбалери во светот во изминатите две децении, лути ривали. Само што помисливме дека ќе се “отарасиме“ и од двајцата набргу, ако се знае дека Португалецот има 40 а Аргентинцот за неколку месеци ќе наполни 38, сепак не ќе да е така.

Се чини уште долго, уште многу години ќе се “расправаме“ кој е подобар, Меси или Роналдо?

А за што станува збор?

Па, за најстарите синови на мега – звездите!

Пред два дена Кристијано Роналдо наполни 40 години, а во чест на роденденот на неговиот татко, Кристијано Роналдо Јуниор играјќи за У-15 екипата на Ал Наср постигна десет голови против Ал Итихад.No description available.

И веднаш стигна веста од Мајами, каде Тиаго Меси, најстариот син на Лео Меси, играјќи за У-13 екипата на Интер Мајами, постигнал 11 голови против Атланта Јунајтед.

Интересно Кристијано е две години постар од Лео, како и Кристијано Јуниор две години е постар од Тиаго Меси.

ПретходноМакедонија У21: Отвораме против Полска, со Италија дома четири дена подоцна
СледноМакедонија – Италија во Битола, „градот на конзулите“ ќе биде дом на младата репрезентација