Рамос го одбра дресот со број 93, во јавноста се огласи Реал Мадрид

388

Серхио Рамос минатата сезона ја мина во Севиља каде се врати по 18 години и се чинеше дека таму ќе ја заврши кариерата, но само една година подоцна повторно ги спакува куферите.

Тој минатото лето ги напушти Андалузијците, но Рамос чекаше повеќе од половина година за да најде нова работа.

Иако дури се поврзуваше со можно враќање во Реал Мадрид, искусниот Шпанец на крајот реши да замине во Мексико каде потпиша за Монтереј, кој синоќа и официјално потврди дека Рамос е нивното ново засилување.

38-годишниот фудбалер потпиша едногодишен договор со мексиканскиот клуб, а преселбата во Монтереј е многу интересна опција бидејќи Рамос имаше побогати понуди од МЛС и Саудиска Арабија.

Сепак, на крајот реши Мексико да биде неговата следна дестинација и веднаш по пристигнувањето во новиот клуб направи изненадувачки потег на кој реагираше дури и Реал Мадрид.

Имено, Рамос реши на својот дрес да го носи бројот 93, а не бројот четири кој ја краси неговата кариера сите овие години.

Ова изненади многумина, а не беше јасно зошто го избра бројот 93, а потоа Реал го објави на својата официјална веб-страница за да објасни се, што беше уште поголемо изненадување за спортската јавност.

“Серхио Рамос ќе игра за Монтереј. Неговиот број на дресот е избран да се запамети еден легендарен момент за нашиот клуб. 93-та минута. Тоа е посвета на сите навивачи на нашиот клуб, потсетување на моменто што ја промени нашата историја. Секогаш ќе му бидеме благодарни на Серхио. Му посакуваме многу среќа и успех”, соопштија од Реал Мадрид.

 

ПретходноСити може да остане без Ерлинг Халанд
СледноИсланѓаните се лути поради Сигурдсон