Рома му нуди нов договор на талентираниот играч за врска

88

Младиот Николо Пицили, членот на Рома, поради добрите игри периодов, ќе биде награден со нов договор од клубот, вели денешна „Ла Република“.

Младиот играч за врска се уште добива минимална плата од 70.000 евра со договор на уште една и пол година. Сепак, тој стана клучен играч и е редовен стартер за Рома , со вкупно 27 настапи со 2 гола и 1 асистенција во сите натпреварувања оваа сезона. Се очекува новиот договор да се потпише по завршувањето на сезоната.

Пицили има само 20 години во моментов и е дете на Рома. Шанса во првиот тим му даде сега веќе екс тренерот Даниеле Де Роси кој очигледно не погреши во проценката.

ПретходноЏош Ален е МВП на НФЛ сезоната
СледноПеп: Секогаш имаме проблем со екипите од пониските дивизии