Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше презадоволен по убедливата победа над Тотенхем (4:0) со која тимот обезбеди пласман во финалето на Карабао купот. „Црвените“ загубија на гостувањето во Лондон со 0:1, но на реваншот на домашен терен, Енфилд, беа немилосрдни.
„Имавме неколку незаборавни ноќи овде, но пласманот во финалето е нешто посебно. Во Холандија имаме само еден куп турнир, а финалето е на крајот од сезоната, така што за мене тоа е ново искуство. Чувството е многу пријатно. Вембли е неверојатен стадион и знам што значи тоа за Англичаните. И за Холанѓаните, бидејќи сме свесни за историјата на стадионот и големите финалиња одржани таму. Ќе се соочиме со многу силен противник. Њукасл е одличен тим, но и ние сме“, изјави Слот.
Предводникот на Ливерпул е задоволен од играта на неговите момци.
„Во првото полувреме беше тешко да се контролира играта поради многуте фаули и прекинот на играта. На Тотенхем му беа потребни 80 минути да го загрози нашиот гол. Генерално, многу сум задоволен од она што го покажа мојот тим. Имаме уште многу натпревари пред нас. Имавме среќа по шестото коло да се пласираме во осминафиналето на Лигата на шампионите и можевме да направиме одредени ротации“, објасни Холанѓанецот.