Битка за Мадрид: Мбапе со нов гол, Реал и Атлетико одиграа без победник на задоволство на Барса! (ВИДЕО)

318

Во 176.дерби во Ла Лига или вкупно 238. мега – дерби меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид немаше победник. По голема битка вечерва на преполниот “Сантијаго Бернабеу“, ова дерби заврши со резултат 1:1.

Секако дека кога играат вакви два тима, ќе има многу контроверзи, посебно по оној момент во првото полувреме кога “јорганџиите“ добија пенал откако Чуаемени го згазна Лино.

Image

Алварез со мајсторија од пенал му донесе водство на својот тим од 0:1. Во тој прв дел “кралевите“ немаа удар кон голот на Јан Облак.

Сепак работите се свртеа во продолжение од средбата кога Реал Мадрид покажа сила. По неколку пропуштени шанси, Килијан Мбапе со убав гол во 50.минута успеа да го израмни резултатот. Следуваше голема иницијатива на “кралевите“, искреирани беа многу шанси, Белингем ја погоди и пречката. Од друга страна четата на Чоло Симеоне од контри имаше во два наврти убави шанси за ново водство.

Сепак мечот заврши со тие 1:1.

Сега по ова мега – дерби, по 23.коло, Реал Мадрид и натаму е прв со 50 бодови, Атлетико е втор со 49 бодови а Барселона со победа утре кај Севиља ќе има 48 бода.

ПретходноЕлмас остана на клупата: Торино само до бод со Џенова!
СледноБрајтон го елиминираше Челзи во 1/16 финалето од ФА Купот!