Една од најлудите завршници во НБА сезонава во која победничката тројка не е призната (ВИДЕО)

165

Една од најлудите завршници оваа сезона во НБА можеше да се види синоќа на натпреварот помеѓу Шарлот и Сан Антонио, кој на крајот им припадна на Хорнетс со резултат 117:116.

Ѕвездата на Спарс, Де’Арон Фокс, кој пристигна во трејд од Сакраменто Кингс, погоди кош за водство од 116:114 на осум секунди до крајот. На другата страна, Бриџис постигна тројка на две секунди до крајот за водство на Шарлот. Спарс имаа две секунди за напад и Фокс успеа да изведе тројка, но се покажа дека предоцна ја испушти топката.

Најдобар поединец на натпреварот беше Спарс, Касл со 33 поени, додека Фокс имаше 22 поени и шест асистенции. Бриџис го предводеше Шарлот со 25 поени и седум скока, додека Бол постигна 24 и додаде десет асистенции.

Сите резултати:
Шарлот Хорнетс – Сан Антонио Спарс 117:116
Вашингтон Визардс – Кливленд Кавалирс 124:134
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 115:110
Бруклин Нетс – Мајами Хит 102:86
Детроит Пистонс – Филаделфија 76ерс 125:112
Оклахома Сити Тандер – Торонто Репторс 121:109
Феникс Санс – Јута Џез 135:127 (по продолженија)

ПретходноСите почести за Борнмут: Клајверт е играч на месецот во ПЛ, а Ираола најдобар менаџер! (ФОТО)
СледноСимеоне пред дербито со Реал: Дали ќе го “паркираме“ автобусот? Знам само дека со автобус ќе дојдеме на “Бернабеу“!