Компани: Во Баерн стандардите се високи и нормално е да не критикуваат

43

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека е задоволен од играта на тимот на натпреварот против Вердер Бремен, кој го добија со 3-0. Баварците во последно време беа критикувани за некои грешки во одбраната, но тоа, како и критиките кои следуваат, не го загрижуваат белгискиот стручњак.

„Имавме шанси во првото полувреме, но не ги искористивме. Останавме мирни и знаевме дека ако продолжиме да го притискаме противникот, головите ќе дојдат. Задоволен сум и од нашиот настап и од резултатот.

Во Баерн стандардите се многу високи и ако еднаш или двапати нешто не функционира совршено, добиваме критики. Се уште ја имаме најдобрата одбрана во Бундеслигата, тоа е факт. Сепак, има простор за подобрување. Важно е да не паничиме, туку да го бараме вистинското решение во секоја ситуација“, изјави тренерот на Баварците.

Баерн е лидер на табелата со 54 бода, девет повеќе од Леверкузен, кој има меч помалку.

ПретходноАморим: Ова немаше никаква врска со „Ферги Тајм“
СледноГРК Тиквеш лесно до победата, Радовиш со 12 ракометари и без странци дојде во Кавадарци