Јасно е дека кога на четири меча во јануари во Премиер-лигата ќе победиш на три, а ќе одиграш и едно реми, тогаш сите почести одат кон тој клуб. Посебно ако тој клуб се вика Борнмут.
Па така за играч на месецот во јануари е прогласен фантастичниот Џастин Клајверт кој на тие четири меча постигна пет голови, од кои три на гостувањето кај Њукасл и притоа забележа и две асистенции.
Инаку за менаџер и тренер на јануари нема дилеми дека е прогласен Андони Ираола, стратегот на Борнмут.
Овој тим со Шпанецот како стратег е вистински хит сезонава во најсилната лига во светот.